0
 

Насловна

За нас

Архива

Маркетинг

Контакт

 

КАТЕГОРИИ

Музика
Спорт
Здравје
Мода и убавина
Занимливости
Show Biz
Хороскоп
Колумни
Интервју со...
Download
Chat (24h online)

 

 

 

Македонската гордост Бобан Николов деновиве ќе игра против Реал Мадрид, Интер и Кашима



Нашиот млад и перспективен фудбалер кој минатата сезона беше најдобар стрелец во тимот на Академија Хаџи (Pоманија), деновиве е пред голем предизвик. Во пресрет на новата сезона, тимот на Академија Хаџи ќе се натпреварува на турнирот помеѓу едни од најголемите светски фудбалски клубови: Реал Мадрид, Интер и Кашима.

Сепак, Бобан со своите 17 години е подготвен да се соочи со овој предизвик: - "Најнапред би сакал да истакнам дека е голема чест но и одговорност да бидеш во најпривилегираниот клуб во Романија и да играш на најпопуларниот турнир таму. Имаме претстава со колкави квалитети се нашите противници, но и ние не сме за потценување.“

Запрашан за тоа под каков притисок ќе игра тој изјави: - “Притисокот расте се повеќе и тоа е нормално кога играш пред полн стадион публика и медиуми. Ова се големи моменти во мојата кариера и сум посветен на 100% реализација. Јас и моите соиграчи сме мотивирани и ќе дадеме се од себе да го постигнеме посакуваниот резултат против Реал Мадрид и Интер“.

Нам ни останува да му посакаме да ја наполни мрежата на противниците и да го постигне посакуваното.

Распоредот на натпреварите е: 
Вторник (16.август): Академија Хаџи - Интер, 18:30ч
Среда (17.август): Академија Хаџи - Кашима, 18:30ч
Четврток (18.август): Академија Хаџи - Реал Мадрид, 18:00 

Пренос од натпреварите ќе врши Еуроспорт 2 и романските локални и национални телевизии

15.08.2011, 13:00ч

Сподели

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШИОТ БАНЕР
   

Copyright 2008 You.com. All Rights Reserved.