Фалкао во Атлетико за 40 милиона

Радамел Фалкао потпиша за Атлетико Мадрид во четвртокот. Атлетико на Порто му плати 40 милиона евра, па колумбиецот стана најскапиот играч во историјата на Атлетико.
Во соопштението на португалскиот клуб пишува дека трансферот може да изнесува 47 милиона евра во зависност од разни фактори кој не се соопштени.
Фалкако кој има надимак 'Тигар' беше клучен играч на Порто минатата сезона постигнувајќи 34 гола. Порто ја освои лигата и имаше фантастични 30 утакмици без пораз.
Колумбиецот беше единствениот стрелец во финалето на Лига Европа кога Порто ја совлада Брага. Фалкао во Порто стигна во 2009 година од Ривер Плата за 5,5 милиона евра.
19.08.2011, 20:30, Уредник: Томи Пандазиев
Сподели
|